• недела, 21 јули 2024

Почна поставување на нови канделабри на коритото на штипска Отиња

Почна поставување на нови канделабри на коритото на штипска Отиња

Штип, 11 јануари 2024 (МИА) - Над 170 канделабри ќе го осветлат коритото на река Отиња во центарот на Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов информираше дека поставувањето на канделабрите веќе е во тек и се очекува да заврши до крајот на  месецов, но, како што вели се ќе зависи  од временските услови.

Со ваквите инвестиции, централното градско подрачје во Штип добива модерен и современ излед. Тој истакна дека проектот е по барање на граѓаните и реализирање на дел од нивните потреби. Граѓаните на терен се задоволни, велат дека со ова се добива нов изглед во центарот на градот.

Општина Штип проектот го реализира во соработка со УНДП, а инвестицијата е  во вредност од шест милиони денари. По осветлувањето на кејот на река Отиња предвидено е уредување на коритото со нови садници, како и поставување на урбана опрема. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан