• петок, 14 март 2025

Почна партерното уредување на парк со спортски терени во кривопаланечката населба Бавчал’к

Почна партерното уредување на парк со спортски терени во кривопаланечката населба Бавчал’к

Kрива Паланка, 7 февруари 2025 (МИА) – Во кривопаланечката населба Бавчал’к почнаа активностите за партерно уредување на паркот кај комплексот згради што ќе биде добие нов и урбан концепт, најави денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој ја посети локацијата на улицата „Херој Карпош“.

-Со буџетски средства од Развојната програма на општината во висина од 7.9 милиони денари со ДДВ, комплетно ќе го уредиме паркот во дворот на стамбените згради што ќе го промени ликот на целата населба. Драго ми што токму денес, кога се навршува  81 година од денот кога македонскиот херој Христијан Тодоровски - Карпош го положи животот за татковината, за жителите на улицата што го носи неговото име, најавуваме проект за ново, партерно, уредување на паркот на површина од  околу 1900 метри квадратни. Уредувањето ќе опфати спортски содржини, реновирање на постојниот терен за мал фудбал со вештачка трева и изградба на ново баскет игралиште со тартан подлога. Двата терени ќе бидат оградени и уредени. Ќе се уреди нов детски парк со модерни реквизити за најмладите, а  целиот простор ќе биде хортикултурно уреден, со фонтана и пристапни патеки, изјави Митовски.

Најави дека во рамки на проектот ќе биде поставена и урбана опрема и ќе се засади зеленило.

-Со овој проект населбата ќе заживее, просторот ќе добие нова урбана слика и ќе прерасне во модерно,  пријатно и безбедно и место каде со задоволство ќе уживаат сите генерации, додаде Митовски.

Паркот се наоѓа на десниот брег на Крива Река, покрај магистралата А2, а над ругата страна на кејот, кај комплексот згради до населба „Единство“ наскоро ќе биде уреден нов урбан зелен парк што ќе ја комплетира урбаната слика на градот од двете страни на Крива Река. ид/дма/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан