Почна машинското миење на булеварите и поголемите скопски улици
- ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов почна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици со употреба на автоцистерни. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.
Скопје, 30 март 2026 (МИА) - ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов почна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици со употреба на автоцистерни. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.
- Машинското миење се реализира со цел одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и на сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух - соопшти претпријатието.

Воедно, информира дека во текот на викендот непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. За да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените садови се заменети со нови во најкус можен рок.
Според ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, во 2025 година биле запалени вкупно 27 сада наменети за одлагање на комуналниот отпад, а само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери. мч/дма/
фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје