• сабота, 23 ноември 2024

Почна Летната школа по македонски јазик за деца на иселеници

Почна Летната школа по македонски јазик за деца на иселеници
Охрид, 27 јули 2022 (МИА) - Триесет и четири ученици, деца на иселеници учествуваат на Летната школа по македонски јазик што наредните седум дена ќе се одржува во Охрид. Учесниците ги поздрави директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, посакувајќи им успешна и плодна работа со надеж дека убавото искуство ќе биде поттик следната година повторно да се вратат на Школата и да го учат мајчиниот јазик. - На Школата со времетраење од една недела, покрај учењето на мајчиниот јазик, децата ќе имаат можност да посетат значајни културно-историски знаменитости и низ игри, работилници и дружења да се запознаат со вредностите и обележјата на својата татковина, информира Агенцијата за иселеништво. Годинава, како што соопшти Агенцијата, на Летната школа учествуваат ученици од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија. сс/сст/

Остани поврзан