• сабота, 23 ноември 2024

Почна исплатата на надоместоците за социјална, детска и цивилна заштита за февруари

Почна исплатата на надоместоците за социјална, детска и цивилна заштита за февруари
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за  февруари годинава почна денеска објави Владата на нејзината фејсбук страница. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, како што стои во објавата, исплатата ќе се спроведе во 2 групи: - 03.03.2022– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ; - 04.03.2022– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. сст/лв/

Остани поврзан