• четврток, 26 декември 2024

Почна изградбата на фекална мрежа во кумановско Тромеѓа

Почна изградбата на фекална мрежа во кумановско Тромеѓа
Куманово, 8 октомври 2022 (МИА) - Почна изградбата на фекална канализациска мрежа со потисен цевковод во кумановското село Тромеѓа, информираа денеска од општината. Мрежата се гради од почетокот на влезот на селото, механизацијата на избраната компанија веќе е на терен. За изградба на мрежата од општинскиот буџет одвоени се одвоени се 818.904.78 денари. На јавниот повик се пријавија седум компании од државата, а избрана е скопската „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз“. Договорот помеѓу општината и избраната компанија беше склучен на 4 август, годинава. Селото е сместено на пет километри од Куманово и има околу 1 000 жители и голем број младо население. Освен, во ова село канализациска мрежа се гради во селo Проевце и во населбата „Иго Тричковиќ“. ам/мч/

Остани поврзан