• петок, 26 јули 2024

Почна изградбата на пешачка патека во Илинден

Почна изградбата на пешачка патека во Илинден
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Во рамки на активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот започна изградба на нова пешачка пaтека во населба Илинден. Пешачката патека ќе биде во должина од над 400 метри и широчина од 1,8 метри која ќе се протега од влезот на новото основно училиште по улицата ,,2”, се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”, соопшти Општина Илинден. Увид во градежните работи, како што информираа од општината, денеска направи градоначалникот Александар Георгиевски, кој истакна дека изградбата на оваа пешачка патека е од голема важност за жителите од населеното место Илинден, со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите. Од општината посочија дека изградбата на оваа пешачка патека станала неопходна и со отворањето на новото основно училиште кое се наоѓа во овој дел на општина Илинден, каде е зголемена фреквенцијата на возила и пешаци во сообраќајот, па затоа потребна е дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот. Градоначалникот Георгиевски упати апел до возачите за нивно безбедно движење во сообраќајот, а особено внимателноста треба да биде максимална кога се движат покрај училиште или градинка. Од Општината Илинден посочија дека и во наредниот период ќе продолжат да инвестираат во безбедноста на сообраќајот и во неговото унапредување, со што ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места. рп/лв/

Остани поврзан