• понеделник, 23 декември 2024

Почна да се гради парк и повеќенаменско игралиште кај штипската населба Света недела

Почна да се гради парк и повеќенаменско игралиште кај штипската населба Света недела

Штип, 20 мај 2024 (МИА) - Почнаа активностите за уредување на просторот околу населбата Света недела во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека на оваа локација ќе се гради нов парк, зелен појас со урбана опрема и целосно осветлување ќе добијат овдешните жители. Дополнително на ова се предвидува и ново повеќенаменско спортско игралиште.

-Овде започнуваат активности за уредување на една зелена површина, која е предвидена согласно програмата на УНДП во вредност од пет милиони денари. Во рамки на паркот кој е предвиден да се уреди овде е предвидено да се постави урбана опрема, зелен појас, но се предвидува и повеќенаменско спортско игралиште, целосно осветлување, вели Јорданов.

Дополнително ќе се бара и присуство на полициски службеници кои ќе го обезбедуваат местото 24 часа, по барање на жителите. Ова следува бидејќи просторот кај Мирјанина црква е постојано мета на дивоградби и уништување на шумата.

-Со меките мерки е предвидено ангажирање на лица од месното население кои ќе бидат задолжени да се грижат за оваа површина, за чистење на истата и за уредување. Со промените кои ќе случат во МВР ќе наидеме на едно заедничко решение за поголема контрола на овој дел од градот,  додава Јорданов.

Како ќе изгледа површината зависи од месното населени посочи Јорданов, бидејќи тие ќе го користат просторот и тие треба да го чуваат. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан