• сабота, 23 ноември 2024

Почна втората фаза од доизградбата на штипскиот булевар „Партизанска“

Почна втората фаза од доизградбата на штипскиот булевар „Партизанска“

Штип, 15 октомври 2024 (МИА) - Почна втората фаза за доизградба на булеварот „Партизанска“ во Штип.

Gрадоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше дека од денеска се работи на подземната инфраструктура, со промена на водоводната линија. Посочи дека потоа ќе се пристапи и кон асфалтирање. Со ова, како што рече, ќе се поврзат населбите Осми Номеври и Баби со булеварско решение. До почетокот на наредната година се очекува булеварот да биде целосно завршен.

-Моментално на втората фаза од проектот се работи на главната водовона линија во должина од 600 метри. Проблематичен дел самата конфигурација, како што можете да забележите ќе го отежне работењето, затоа што на самата траса има објекти кој согласно поректот треба да бидат дислоцирани за да дојде до проширување на коловозните ленти до реализација на булеварското решение. Најпрво ќе се промени главната водовона линија, а подоцна и со трасирање на делницата која практично ќе се поврзе со булеварското решение, рече Јорданов.

Во наредниот период ќе бидат дислоцирани и станарите кои времено се сместени и живеат на овој потег. Јорданов посочи дека доколку тие не најдат соодветно живеалиште, локалната самоуправа ќе пристапи кон обезбедување на нови типски куќи. Станува збор за шест до седум семејства, за кои во иднина треба да се реши станбеното прашање.

-Ние сме веќе во постапка и во комуникација со станбен и деловен простор. Доколку тие не изнајдат соодветно решение за станарите на овие времени објекти како локална самоуправа ќе обезбедиме решение со поставување на типски објекти, изјави Јорданов.

Новиот булевар „Партизанска“ ќе биде целосно осветлен, со соодветна сигнализација, со четири сообраќајни ленти, велосипедска патека со што ќе се урбанизира овој потег во градот Штип. вдј/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан