• сабота, 23 ноември 2024

Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година. -Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 октомври 2022 година, информира Министерството. За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето: на 05.10.2022 се А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, додека утре, на 06.10.2022 се М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. мч/са/

Остани поврзан