• вторник, 24 декември 2024

Почнаа со работа повеќе амбуланти на старите локации од Здравствен дом Куманово

Почнаа со работа повеќе амбуланти на старите локации од Здравствен дом Куманово

Куманово, 22 ноември 2023 (МИА) - Почнаа со работа детскиот диспанзер на старата локација „Уред“, итна помош, домашна посета, ноќна, стоматолошка амбуланта на старите локации, информираа денеска од Здравствен дом Куманово. Просториите целосно беа реконструирани изминатиов период и дел од здравствените услуги се пружаа во објекти како што се амбулантата „Тоде Мендол“, објект од кумановската општа болница.

-Поради завршување на работите за целосно реновирање на детскиот диспанзер и брза помош, истите се враќаат на претходните локации: Детски диспанзер се враќа во уред. Итна помош, домашна посета, ноќна амбуланта и стоматолошка служба, се враќаат во реновираниот објект во близина на општата болница, информираат од здравствен дом Куманово.

Темелната реконструкција на објектите траеше десетина месеци. Покрај санација, замена на прозорци, врати, подови, набавен е нов мебел, поставено е централно греење. Како што претходно информираа надлежните за реконструкцијата се одвоени над девет милиони денари. ам/дма/


Фото: МИА


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан