• сабота, 05 октомври 2024

Почина Шинејд О’Конор

Почина Шинејд О’Конор

Лондон, 26 јули 2023 (МИА) – Ирската пејачка Шинејд О’Конор, која се прослави со изведбата на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“, почина на 56-годишна возраст, потврди нејзиното семејство, јавија ирските и британските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека познатата пејачка, која има снимено 10 албуми, минатата година го загуби синот кој тогаш имал 17 години и оти имала историја на психички проблеми.

Минатата година беше снимен биографски филм за неа, а таа самата објави мемоари во 2021 година. јт/

Фото: Јутјуб скриншот

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан