Почина шведско-американскиот скулптор Клес Олденбург
- Галеријата која го претставуваше, соопшти дека скулпторот настрадал од последици од неодамнешниот пад.

Њујорк, 19 јули 2022 (МИА) - Влијателниот скулптор Клес Олденбург (Клес), чии огромни дела од секојдневни предмети воодушевуваат милиони луѓе ширум светот, почина вчера во својот дом во Њујорк на 93-годишна возраст. Галеријата „Пејс“, која го претставуваше уметникот, соопшти дека настрадал од последици од неодамнешниот пад.

