Почина Трипун Карапетров, еден од доајените на македонската дипломатија
- Долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и во македонското Министерство за надворешни работи, Трипун Карапетров, почина на 83-годишна возраст.

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и во македонското Министерство за надворешни работи, Трипун Карапетров, почина на 83-годишна возраст.
Тој работеше во дипломатските мисии во Варшава и Москва, а по 1991 година даде голем придонес за отворање на Македонската амбасада во Руската Федерација и продлабочување на политичките и економските односи на нашата земја со државите од поранешниот СССР.
Погребот ќе се одржи утре во 11:00 на градските гробишта во Нерези. сх/сп/
Фото: Фејсбук