Почина пронаоѓачот на „Ctrl+x“, „Ctrl+c“ и „Ctrl+v“
- Лери Теслер, пионерот на компјутерските вештини од Бронкс (Њујорк), студирал компјутерски науки на Стенфорд универзитетот во Калифорнија, со фокус на односот човек - компјутер. Неговите инова

Лос Анџелес, 20 февруари 2020 (МИА) - Компјутерскиот инженер што ги измисли функциите „исечи“, „копирај“ и „залепи“ (‘cut’, ‘copy’, ‘paste’), почина на 74 години.
Лери Теслер, пионерот на компјутерските вештини од Бронкс (Њујорк), студирал компјутерски науки на Стенфорд универзитетот во Калифорнија, со фокус на односот човек - компјутер. Неговите иновации ги користат во Амазон, Епл, Јаху и секако - Ксерокс истражувачкиот центар во Пало Алто (ПАРЦ), каде што работи речиси 50 години.
Како што објави ПАРЦ, Теслер починал вчера, на 19 февруари, а сите што секојдневно ги употребуваат функциите „Ctrl-x“, „Ctrl+c“ и „Ctrl+v“, треба да му се заблагодарат нему, пред сè. си/