• четврток, 26 декември 2024

Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

Ватикан, 31 декември 2022 (МИА) – Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје.

Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година.

Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан.

– Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан.

Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен. јт/

Остани поврзан