• понеделник, 23 декември 2024

Почина поранешниот голман Дејан Костуранов

Почина поранешниот голман Дејан Костуранов

Нови Сад, 21 септември 2024 (МИА) - Дејан Костуранов, поранешен голман на македонските екипи Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид и Еуромилк, почина на само 38 години, објавија српските медиуми.

Костуранов по завршување на професионалната кариера работеше во Србија како тренер на голмани.

Негов последен ангажман беше во стручниот штаб на Фудбалскиот сојуз на Војводина. 

Пред само два дена со аматерската српска репрезентација победи на турнир во Стара Пазова. зс/

Фото: ФС Војводина  

Остани поврзан