Почина познатиот италијански дизајнер Чезаре Пачоти
- Починал во градот Чивитанова Марке во средишна Италија. Причината за смртта сè уште не е позната.
Рим, 13 октомври 2025 (МИА) - Познатиот италијански моден дизајнер на обувки и претприемач, Чезаре Пачоти почина на 69-годишна возраст, опкружен со децата и своето пошироко семејство.
Според соопштението објавено синоќа, Пачоти починал во градот Чивитанова Марке во централна Италија.
Причината за смртта сè уште не е позната, а подробни податоци не се објавени. си/ссм/
Фото: ЕПА.