Почина нобеловецот Кензабуро Ое
- Тој беше еден од најзначајните книжевни творци во Јапонија по Втората светска војна. Неговите дела се занимаваат со политички, социјални и филозофски теми, како што е нуклеарното оружје, невклопувањето во општеството и егзистенцијализмот.

Токио, 13 март 2023 (МИА) - Јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска неговата издавачка куќа „Коданша“.
Ое беше еден од најзначајните книжевни творци во Јапонија по Втората светска војна. Неговите дела се занимаваат со политички, социјални и филозофски теми, како што е нуклеарното оружје, невклопувањето во општеството и егзистенцијализмот. Тој ја доби Нобеловата награда за литература во 1994 година, а беше познат и како застапник јапонскиот на пацифистички устав и борец против нуклеарната енергија, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.
Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година Ое се занимава со прашањето за децата со попреченост и семејството. И самиот имал син со попреченост. Меѓу неговите попознати романи е и „Тивко плачење“ од 1967 година - дело што ги преплетува митовите и историјата на јапонските шумски села со совремието. си/
Фото: Википедија.