• понеделник, 23 декември 2024

Лекар пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара

Лекар пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Лекар синоќа е пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.

Како што информираат од МВР за МИА, според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

- На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бт/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан