• четврток, 26 декември 2024

Почина Барбара Волтерс

Почина Барбара Волтерс

Вашингтон, 31 декември 2022 (МИА) – Барбара Волтерс, една од најпопуларните новинарки на американската телевизија, првата жена водителка на вечерната информативна програма на американската мрежа Еј-Би-Си, почина на 93-годишна возраст, соопшти нејзината долгогодишна компанија Еј-Би-Си Њуз.

– Барбара беше вистинска легенда, пионер не само на жените во новинарството, туку и на самото новинарство, напиша поранешниот претседател на Еј-Би-Си Роберт Игер на Твитер.

Во нејзината медиумска кариера која траеше пет децении, Волтерс интервјуираше низа светски лидери, вклучувајќи го кубанскиот претседател Фидел Кастро, Британката Маргарет Тачер, либискиот лидер Моамер Гадафи, ирачкиот претседател Садам Хусеин, руските претседатели Борис Елцин и Владимир Путин, како и сите американски претседатели. јт/

Остани поврзан