• понеделник, 22 јули 2024

Почетна предност за Работнички и Еуро Никел кошаркарскиот плеј-оф

Почетна предност за Работнички и Еуро Никел кошаркарскиот плеј-оф
Скопје, 19 мај 2021 (МИА) – Екипите на Работнички и Еуро Никел вечерва победнички ги стартуваа четвртфиналните серии во кошаркарскиот плеј-оф. Кошаркарите на скопски Работнички во неизвесен натпревар триумфираа над градскиот ривал ТФТ со 72: 65, предводени од Питс со 16 и Аска со 15 поени. Бејли беше најефикасен во редовите на ТФТ со 17 поени. Вториот меч се игра в петок, на истото место во СРЦ „Кaле“, кога во улога на домаќин ќе биде екипата на ТФТ. Еуро Никел со триумф од 90:79 стекна почетна предност во пресметката со Гостивар, а Рикиќ со 19 и Мијатовиќ со 18 кошеви беа најефикасни кај домаќините. Гостивар е домаќин на вториот натпревар што е на програмата в петок. ег/сст/

Остани поврзан