• понеделник, 23 декември 2024

Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на телото на загинатиот Македонец во татковината

Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на телото на загинатиот Македонец во татковината
Скопје, 11 ноември 2022 Почесниот конзулат на Република Малта во Република Северна Македонија, по добиени информации од медиумите за трагичната несреќа на млад Македонец на Малта, стапи во контакт со семејството на загинатиот Мартин Костов. Семејството беше информирано дека почесниот конзулат ќе обезбеди се што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината. Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, ќе пружи итна и целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи. Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството, во овие моменти на неизмерна тага, изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе пружи финансиска помош за семејството.   Почесен конзулат на Малта во Републка Северна Македонија ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан