• петок, 05 декември 2025

ПОЦ: Санкционирани 134 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ПОЦ: Санкционирани 134 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 03.11. до 09.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што се наведуваат од ПОЦ за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.

-Затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението.свс/са/

Фото:ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан