• четврток, 04 декември 2025

Потпретседателот на Собранието, Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието, Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на 23 и 24 ноември ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Стокхолм, Кралство Шведска.

Како што информираат од собраниската прес-служба, со состав на Делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти,10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, Вториот самит се одржа во 2023 година во Прага, Чешка Република а Третиот парламентарен самит се одржа во 2024 година во Рига, Летонија. фф/вј/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан