• понеделник, 23 декември 2024

Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи официјалниот настан за потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3. Спогодбата ќе биде потпишана од вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

По потпишувањето, најавени се обраќања на Маричиќ, Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7.

Мерката 1 се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а приоритетни сектори се: растително и сточарско производство, производство на риба, преработка и маркетинг на сопствено земјоделско производство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Мерката 7 е за диверзификација на фарми и развој на бизниси, а приоритетни сектори се: алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалаци, производство на непрехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам. мч/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан