• среда, 25 декември 2024

Потпишување декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија

Потпишување декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) денеска организира настан на кој ќе биде потпишана декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија.

Како што е најавено, декларацијата ќе ја потпишат 36 директори и овластени лица на јавни претпријатија.

На настанот ќе бидат презентирани и главните наоди и ресурси подготвени од проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија".

Предвидени се обраќања на Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, како и на професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и соработници на ИСИЕ: проф. д-р Мишо Докмановиќ и проф. д-р Дарко Спасевски.

Настанот се реализира во рамки на проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија", финансиран од Амбасадата на САД. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан