• среда, 27 ноември 2024

Потпишан нов колективен договор за вработените во Општина Крива Паланка

Потпишан нов колективен договор за вработените во Општина Крива Паланка
Крива Паланка, 21 октомври 2022 (МИА) - Нов колективен договор за вработените во општина Крива Паланка потпишаа денеска претседателот на Синдикатот на Управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски и претседателот на општинската синдикална организација Зоран Павловски со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. -Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при општина Крива Паланка за усогласување на платите со порастот на минималната плата од јануари 2023 година, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата, информира службата за комуникација со јавност на општина Крива Паланка. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишувањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.ид/лв/

Остани поврзан