• петок, 26 јули 2024

Потпишан договор за збратимување на Општина Кавадарци со Општина Буча, Украина

Потпишан договор за збратимување на Општина Кавадарци со Општина Буча, Украина
Кавадарци, 20 октомври 2022 (МИА) - Градоначалниот на Кавадарци Митко Јанчев и заменик градоначалникот на општина Буча, Украина, Шепетко Серхи денеска потпишаа договор за збратимување на двете општини. За градоначалникот Јанчев овој договор значи меѓусебна соработка на повеќе полиња од општественото живеење. Тој потсети на помошта и донацијата што беше реализирана за Украина и нагласи дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму. Во името на општината Буча и градскиот Совет, заменик градоначалникот на Буча, Шепетко Серхи се заблагодари за помошта и поддршката и изрази надеж за соработка на културно, образовни и други полиња. Тој се осврна и на моменталната состојба во Украина. свд/цр

Остани поврзан