• сабота, 23 ноември 2024

Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ, формирано „Движењето одлучно за промени”

Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ, формирано „Движењето одлучно за промени”
Скопје, 4 септември 2021 (МИА) - Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа претседателите на ЛДП и на ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, формирајќи го „Движењето Одлучно за промени“. - Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена, наведуваат од Либерално демократската партија (ЛДП). До сега тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров - Љупчо Јаневски, на Кисела Вода - Ѓулистана Марковска, на Гевгелија - Виктор Петков, на Прилеп - Славе Петрески и на Штип - Ванчо Санев. Од „Движењето Одлучно за промени” најавуваат дека во недела ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа. мс/бк/    

Остани поврзан