• понеделник, 23 декември 2024

Потона брод со мигранти крај брегот на Тунис, настрадаа 12 лица, 10 се водат за исчезнати

Потона брод со мигранти крај брегот на Тунис, настрадаа 12 лица, 10 се водат за исчезнати

Тунис, 30 септември 2024 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои три бебиња, а 10 лица се водат како исчезнати откако утринава потона брод со мигранти во близина на брегот на Тунис, недалеку од градот Џерба.

Мигрантите се обидувале да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, соопшти крајбрежната стража, пренесоа британските медиуми. 

„Крајбрежната стража успеа да спаси 29 лица кои патувале на преполниот брод“, изјави неименуван службеник на крајбрежната стража. 

Локална група за човекови права соопшти дека сите мигранти биле од Тунис, освен двајца Мароканци. 

Тунис се соочува со невидена мигрантска криза и, место Либија, стана главната појдовна точка за сите оние кои сакаат да стигнат до Европа во потрага по подобар живот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан