• понеделник, 23 декември 2024

Потврдени случаи на кражби во олимпиското село

Потврдени случаи на кражби во олимпиското село

 

Париз, 1 август 2024 (МИА) – Организаторите на Олимписките игри во Париз ги потврдија денеска информациите објавени во францускиот печат за пријавени кражби во олимпиското село.

Случаите на кражби во комплексот во кои се сместени олимписките спортисти ги потврди директорката на организацискиот одбор за комуникации Ен Дешамп.

Реакцијата откако весникот „Паризиен“ информираше за пет случаи на кражби во олимпиското село.

„Навистина имаше инциденти, пријавени се во полиција. Во олимпиското село има строги мерки, но не можам да дадам информации колку лица се ангажирани за безбедноста“, рече Дешамп. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан