Потврдена смртта на хрватски хуманитарец во Украина
- Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска ја потврди смртта на хрватскиот хуманитарец во Украина, додавајќи дека неговото семејство добива конзуларна и друга помош
Загреб, 16 септември 2022 (МИА) - Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска ја потврди смртта на хрватскиот хуманитарец во Украина, додавајќи дека неговото семејство добива конзуларна и друга помош.
Претставник на хрватското МНР за ХИНА ја потврди информацијата за загинувањето на хрватскиот државјанин во Украина.
Според дел од хрватските медиуми загинатиот хуманитарец е 29-годишен Андро Фабијаниќ. Тој работел за здружението „За хероите“ од градот Днипро, кое доставува медицинска помош на украинските борци. Фабијаниќ загинал пред три дена при експлозија на противтенковска мина. бд/ми/