• вторник, 19 ноември 2024

Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција, вели вицепремиерот Николовски

Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција, вели вицепремиерот Николовски
Скопје, 2 март 2021 (МИА) - Планот за борба против корупцијата нема рокови, но има рокови кои се однесуваат на секоја точка во него. Планот е отворен и ќе се надоградува. Постојано на Влада ќе се разгледува статусот на реализација, истакна вечерва вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски. На гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Николовски рече дека целта е да се елиминира човечкиот фактор, да се намали можноста за корупција и да нема недоприливи. Според него, државата треба да ги има и сите механизми за конфискација на нелегално стекнатиот имот без разлика за кое лице и да се работи. Една од новините е тоа што граѓаните во иднина нема да чекаат ред пред шалтерите за да добијат извод од матичната книга на родени, венчани или починати, туку хартиената потврда ќе биде заменета со електронска која институциите ќе ја добиваат преку националниот регистар на население. Човечкиот фактор ќе биде елиминиран, а со процесот на дигитализација, Николовски очекува дека ќе се намали корупцијата. Во овој процес, како што најави, ќе има промена на околу 100 материјални закони. Прашан дали гледа преклопување со надлежностите на Антикорупциската комисија каде се поднесуваат претставки за сомнежи за корупција, Николовски со став дека треба да се отворат повеќе канали на пријавување. - Не гледам дека буквално има некакво преклопување. Ние сме дале целосна поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата во било кој сегмент да се овозможат услови за работа без разлика дали се тоа простории, дуплиран буџет којшто го доби Комисијата, дали е тоа набавката на софтвер за поврзување со 17 институции до кои Комисијата денес нема пристап..., истакна Николовски. Во однос на случајот со генералниот директор на МЕПСО очекува судска разрешница. - Очекуваме судска разрешница и како ќе каже судот, така треба да се постапи, рече Николовски. Во однос на Законот за високо раководна служба, рече дека е вратен на доработка по барање на меѓународните поддржувачи и на Министерсвото за информатичко општество и администрација и оти моментално тој се разгледува во Советот за реформа на јавната администрација заедно со пакет други закони. бак/нд/  

Остани поврзан