Постигнат договор во ОПЕК за намалување на дневното производство на нафта
- Во рамки на договорот што го постигна со земјите од ОПЕК, Русија изрази подготвеност за 14 отсто да го намали производството на нафта, што значи за 1,6 милиони барели дневно, соопшти денеска
Москва, 8 април 2002 (МИА) - Во рамки на договорот што го постигна со земјите од ОПЕК, Русија изрази подготвеност за 14 отсто да го намали производството на нафта, што значи за 1,6 милиони барели дневно, соопшти денеска неименуван претставник на руското Министерство за енергетика, пренесе Тасс.
-Ја потврдуваме нашата подготвеност да го намалиме производството на руска нафта за 1,6 милиона барели дневно, рече претставникот на Кремљ.
Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и другите земји, а предвидено е вкупното намалување на глобалното дневно производство да изнесува 70 милиони барели.
Се очекува утре во Виена да се оддржи видео средба на земјите од ОПЕК + за намалување на светското производство на нафта.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја е подготвена да го намали дневното производството на нафта само доколку и другите земји,вклучувајќи ги и САД, го сторат истото.
Претходниот договор во рамки на ОПЕК заврши на 31 март, но Русија и Саудиска Арабија не се договорија за неговото продолжување. сд/