• понеделник, 23 декември 2024

Постигнат договор за државната матура: Два екстерни и еден интерен предмет ќе се полагаат од 5 јуни

Постигнат договор за државната матура: Два екстерни и еден интерен предмет ќе се полагаат од 5 јуни
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежност на Министесртвото за образование и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци. Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март. Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите по средбата со претставници на Сојузот на средниошколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа. - Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претпри измени. Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи ги сподели останатите детали од компромисното решение, односно „банките“ да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања, зголемување на коефициентот кај соодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени. Државниот испитен центар да го врати испитот по естетика и филозофија како втор екстерен испит во средните уметнички училишта. Униврзитетите да објават кои од листата на наставни предмети се соодветни за нивните студиски програми. - Со цел учениците да имаат опција да ги променат своите испити, учениците кои ќе полагаат државна матура треба повторно да ги регистрираат своите испити. Краен рок за ова предлагаме да биде петок 5 март. Во нашите разговори со Владата изнајдовме решение за промена во начинот на добивање на поените за интерните испити. Предвид сега ќе се зема оценката од испитот и просекот по предметот како основа за добивање на поените, рече Ходаи. Ова, според него, е едно залужено олеснување кое соодвестува на вонредните услови во кои се одвива наставата. Со компромисот што го простигнаа верува дека ќе има реално кратење на испитните програми за екстерните испити, а другите елементи, како што рече, дополнително ќе го олеснат полагањето на државна матура, при што никој нема да биде оштетен. мс/ки/

Остани поврзан