Поставен бекатон во кумановското село Лопате
- Заврши реконструкцијата на улица во кумановското село Лопате, информираа денеска надлежните од општината. Од Одделението за комунални дејности од општината претходно информираа дека реконстру

Куманово, 13 септември 2022 (МИА) - Заврши реконструкцијата на улица во кумановското село Лопате, информираа денеска надлежните од општината. Од Одделението за комунални дејности од општината претходно информираа дека реконструкцијата на оваа улица е дел од годишната програмата за одржување и санација на улици.
Куманово, во јуни годинава избра две компании за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки на територијата на Општина Куманово. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари.
Како што е наведено на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки за западната страна на Куманово, избрана е компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др. “ од Липково. Општината од буџетот одвои 8 милиони 260 илјади денари. За источната зона од градот за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки, избрана е скопската компанија „Билд Инг. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари. ам/дма/