• петок, 26 јули 2024

Поставено ново улично осветлување на неколку локации во општина Илинден

Поставено ново улично осветлување на неколку локации во општина Илинден

Скопје, 19 септември 2023 ( МИА) - Во рамки  на проектот „Илинден-Светла Општина”, деновиве е поставено улично осветлување на повеќе локации  во населбата Илинден, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, како и  зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Како што информираат од Општина Илинден,  поставена е нова линија за улично осветлување во Јака на улица „102“ во должина од 200 метри, во Миладиновци на улица „2“ во должина од 100 метри, во Илинден на улица „2“ во должина од 200 метри, Кадино на улица „3“ во должина од 250 метри, во Марино на улица „399“ во должина од 100 метри, на улица „500“ во должина од 100 метри, во Ајватовци на улица „2“ во должина од 150 метри, во Бучинци на улица „1“ во должина од 50 метри, како и во Дељадровци на улица „2“ во должина од 50 метри.

Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставување нови линии за улично осветлување  во сите населени места. љм/дма/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан