• среда, 25 декември 2024

Поставени 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“

Поставени 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Основното училиште „Киро Глигоров“ е вториот објект во општината  кој доби фотоволтаични панели на покривот. На кровната површина се поставени 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 Kw (киловати) за производство на електрична енергија.

Како што информираат од Општината, нивниот приклучок се очекува наскоро, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека целиот процес за набавка и инсталирање на фотоволтаичната централа е од општинскиот буџет и е во висина од 7.3 милиони денари.

-Според истражувањата на пазарот, за реализирање на оваа инвестиција од општинскиот буџет првично планиравме 18 милиони денари, ама на Јавната аукција цената се симна на 7.3 милиони денари. Со поставувањето на оваа фотоволтаична централа ние очекуваме значително да се намалат вкупните трошоци за електрична енергија, што нам како локална самоуправа ќе ни овозможи да вложиме повеќе средства во одржување на високиот квалитет на услугите за образование на децата, потенцирал Герасимовски.

Минатата година Општина Центар по само неколку месеци од основањето на трговското друштво за производство и продажба на „Енергија Центар“ ја поставила првата фотоволтаична централа на кровот на градинката „Пепелашка“. сст/са/

фото Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан