Поставени сообраќајни знаци на четири крстосници во Росоман
- Општина Росоман согласно „Основен сообраќаен проект за ограничување на движење на тешки товарни возила со тежина поголема од 7,5 тони на патишта и улици во населеното место Росоман“, постави
Росоман, 6 ноември 2020 (МИА) - Општина Росоман согласно „Основен сообраќаен проект за ограничување на движење на тешки товарни возила со тежина поголема од 7,5 тони на патишта и улици во населеното место Росоман“, постави сообраќани знаци на четири крстосници.
За ова попладнево информираа од Службата за односи со јавноста при росоманската локална самоуправа.
- Со овој проект ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе се намали оштетувањето на инфраструктурата, нагласија од општинската прес служба, нагласувајќи дека континуирано се води грижа за поголема безбедност во сообраќајот. свд/мс/