Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец
- Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турби

Свети Николе, 17 октомври 2022 (МИА) - Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турбина, како и столбовите на останатите ветерници.
Граѓаните од Општините Свети Николе и Штип ја снимаат и фотографираат локацијата и ветерницата и ги споделуваат на социјалните мрежи.
Во источна Македонија ова е прв ветерен парк, инвестиција е во вредност од 61 милион евра. Во ветропаркот Богословец се предвидени осум турбини и моќност од 36 мегавати, кој ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87.000 тони годишно.
Во наредните 25 години ќе овозможи зелена енергија за околу 20.000 домаќинства во државата. вдј/цр
