• вторник, 24 декември 2024

Поставена енергетско-ефикасна фасада на подрачно училиште во кумановското село Љубодраг

Поставена енергетско-ефикасна фасада на подрачно училиште во кумановското село Љубодраг
Куманово, 1 август 2022 (МИА) - Заврши поставувањето на новата енергетско-ефикасна фасада на подрачното училиште во кумановското село Љубодраг, соопштија денеска надлежните од општината. Проектот се реализира со поддршка на МОН и освен фасада вклучува замена на покривот, нови прозорци,врати,подови, греење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост - Завршена е новата енергетско ефикасна фасада на објектот на ООУ „Карпош“, подрачно училиште во село Љубодраг, поставени се нови ПВЦ прозорци и целосно нов кров. Во тек е внатрешно уредување, реконструкција на подовите, поставување на пристапна рампа и нов тоалет адаптиран за лица со попреченост. Проектот е во реализација на МОН во соработка со Општина Куманово, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Проектот, финансиран од Министерството за образование и наука и поддржан од општината предвидува реконструкција на покривот, подовите и тоалетите, замена на прозорците и вратите, како и изградба на нов систем за парно греење на пелети, фасада. Реконструкцијата со адаптација на подрачното училиште во село Љубодраг се реализира во рамките на проектот „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“, со поддршка на Министерството за образование и Општина Куманово. Надлежните од училиштето и претставниците од МОН и општина Куманово, изведувачот и надзорот потпишаа договор на почетокот од мај, годинава. Изведувачот има рок од четири месеци да го заврши проектот и се очекува учениците од ова подрачно училиште од наредната учебна година да следат настава во реконструиран објект. Училиштето е изградено во средината на 70-ите години од минатиот век. ам/цр

Остани поврзан