• сабота, 23 ноември 2024

Посетителите на Западен Брег нема да треба да пријавуваат во каков однос се со Палестинци

Посетителите на Западен Брег нема да треба да пријавуваат во каков однос се со Палестинци
Ерусалим, 5 септември 2022 (МИА) - Израел, наводно под притисок на САД и европските влади ги измени прописите за влез на странци во Западен  Брег и тие нема да треба да го пријавуваат нивниот однос со Палестинците. Одделението во израелското Министерство за одбрана (ЦОГАТ), задолжено за палестинските цивилни работи, во февруари објави нацрт-прописи за влез на странци во Западен Брег, кои требаа да стапат во сила во јули, но го одложи Врховниот суд и сега ќе стапат во сила на 20 октомври. Во новиот документ отстрането е барањето странците кои влегуваат на окупираната територија Западден Брег да мора да ги известат израелските власти во рок од еден месец за веридба, венчавка или за почетоко на заеднички живот со Палестинци. Новиот нацрт овозможува продолжување на визите за странците од 90 на 180 дена и отстранети се ограничувањата за предавачите посетители и студентите на палестинските универзитети, а претходно нивниот број беше ограничен на сто професори и 150 студенти годишно. ми/

Остани поврзан