• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Посета на заменик министерот за внатрешни работи Исени на СВР Куманово и Полициското одделение Матејче

Посета на заменик министерот за внатрешни работи Исени на СВР Куманово и Полициското одделение Матејче

Куманово, 12 јуни 2025 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени денеска го посети СВР Куманово и Полициското одделение Матејче во општина Липково, информираа денеска од МВР. Во рамки на работните активности, заменик-министерот се сретнал со раководството на секторот и се информирал за активностите кои се преземаат на територијата на Куманово.

-На средбата беше потенцирано дека безбедносната состојба на целото подрачје на СВР Куманово е стабилна. Исто така, се разговараше и за тековните активности, движењето на криминалитетот, одржувањето на јавниот ред и мир и предизвиците со кои се соочува овој сектор од аспект на недостаток на материјално-технички средства и недоволна пополнетост со човечки ресурси, соопштија од МВР.

На средбата, заменик министерот за внатрешни работи Исени истакнал дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за подобрување на капацитетите на СВР Куманово согласно потребите на секторот. ам/вг/


Фото МВР

Остани поврзан