• петок, 05 декември 2025

Посета на заменик-министерот Ристески на Берово и Пехчево

Посета на заменик-министерот Ристески на Берово и Пехчево

Скопје, 22 јули 2025 (МИА) - Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ги посети општините Берово и Пехчево каде остварил повеќе средби.

Како што соопшти Министерството во Берово заменик-министерот Ристески ја посетил Канцеларијата на Агенцијата за вработување и остварил средба со вработените, на која дискутираа за нивната работа и активности.

На средбата вработените посочиле дека има интерес за мерките од Оперативниот план за 2025 година, каде досега завршија јавните повици за мерките самовработување (претприемништво) и Вработување и раст на правни субјекти.

Во рамки на посетата на Берово, Ристески остварил средба и со стопанственици од регионот, каде разговарале за дел од мерките од оперативниот план наменети за развој на стопанството, како и мерките од Програмите за работа на Министерството за економија и труд. Во моментов активни се два јавни повици од Министерството за економија и труд, во рамки на Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност.

Првиот јавен повик, се наведува во соопштението, е за поддршка на лаборатории со кој се предвидува  надоместување на дел од трошоците за акредитирање на лаборатории или  проширување на опсегот за акредитирање на постоечките лаборатории, како и за набавка на нова опрема за пуштање во промет на квалитетни и безбедни производи.

Вториот Јавниот повик, се додава во соопштението, е за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти, каде е предвидена финансиска поддршка до 200.000 денари за деловни субјекти кои се стекнале со сертификат, се ресертифицирале или поднеле извештај за менаџмент системи за општествена одговорност во текот на 2024 и 2025 година според високи меѓународно признаени стандарди.

Во Пехчево, заменик-министерот Ристески, директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова оствариле работна средба со градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

На средбата се дискутирало за соработката на институциите од централната власт со локалната самоуправа, како и за капиталните проекти кои ќе се реализираат во општината со средства од централната власт.

Во Пехчево, се додава во соопштението, ќе се реализираат два капитални инфраструктурни проекти, и тоа проектот за реконструкција и рехабилитација на локален пат с. Робово до с. Умлена, како и проектот за изградба на водоводен цевковод во туристичката населба Равна Река. ац/

Фото: Министерство за економија и труд

Остани поврзан