Посебен сообраќаен режим утре во Скопје
- Поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, утре во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, маршрутата на движење почнува пред Владата на булеварот Илинден, продолжува десно по булеварот ВМРО, по што учесниците ќе се движат по улицата Васил Главинов, потоа „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, сѐ до Собранието. Маршот ќе заврши на улицата Филип II Македонски, пред Министерството за животна средина.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.