Португалскиот претседател најави предвремени избори во март
- Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса изјави дека Португалија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 10 март, втори во последните години, по ненадејната оставка во вторникот на социјалистичкиот премиер Антонио Коста, кој беше вмешан во корупциски скандал, пренесоа светските агенции.
Лисабон, 9 ноември 2023 (МИА) - Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса изјави дека Португалија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 10 март, втори во последните години, по ненадејната оставка во вторникот на социјалистичкиот премиер Антонио Коста, кој беше вмешан во корупциски скандал, пренесоа светските агенции.
Сепак, тој додаде дека ќе го распушти Парламентот дури по конечното гласање за нацрт-буџетот за 2024 година, што треба да се одржи на 29 ноември. паг/
Фото: МИА архива