• вторник, 24 декември 2024

Португалската Влада одобри конфискација на имот без пресуда во случај за корупција

Португалската Влада одобри конфискација на имот без пресуда во случај за корупција

Лисабон, 20 јуни 2024 (МИА) - Португалската малцинска Влада на десниот центар денеска одобри збир на построги антикорупциски мерки, вклучително и овозможување на судовите да го конфискуваат имотот на осомничените без кривична пресуда.

Поранешни португалски премиери, политичари, банкари, бизнисмени и судии беа вмешани во неколку истраги за корупција од висок профил во последниве години.

По тие истраги „профитираше“ крајно десничарската партија Чега.

„Ќе има безмилосна борба против корупцијата во Португалија“, рече премиерот Луис Монтенегро на прес-конференција.

Португалското законодавство веќе дозволуваше конфискација на имот за кривични дела на корупција, економски и финансиски и тероризам, но за тоа беше потребна кривична пресуда. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан