• петок, 08 ноември 2024

Португалија привремено го укинува ДДВ за основните прехранбени артикли

Португалија привремено го укинува ДДВ за основните прехранбени артикли

Лисабон, 28 март 2023 (МИА) – Португалија привремено го укинува данокот на додадена вредност (ДДВ) за основната храна за да ја спречи инфлацијата.

Левичарската влада на Португалија планира привремено да го укине ДДВ на 44 основни прехранбени производи за шест месеци за да ја спречи високата инфлација, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.

Тој додаде дека мерката е дел од договорот потпишан со производителите и трговците со цел стабилизирање на цените. Кошта истакна дека договорот предвидува и планирана и финансиска поддршка за земјоделците и сточарите, во висина од 600 милиони евра.

Укинувањето на ДДВ за лебот, тестенините, оризот, млекото, јајцата, јогуртот, сирењето, маслото, путерот, месото и риба може да биде продолжена и по почетниот шестмесечен период, посочи Кошта.

ДДВ за тие храни сега е шест проценти.

Предлог-законот сè уште не е усвоен во Парламентот, каде владата на Кошта има мнозинство.

Годишната потрошувачка инфлација во Португалија во февруари достигна 8,2 отсто, малку под 8,5 проценти забележани во еврозоната, чиј член е Португалија. Но, инфлацијата на храната неодамна надмина 20,1 отсто. ми/

Остани поврзан