• понеделник, 16 декември 2024

Портпарол на терористичката „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Портпарол на терористичката „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Лондон, 28 март 2024 (МИА) - Портпаролот на терористичката мрежа „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во концертната сала во предградие на Москва на 22 март, во кој загинаа повеќе од 140 луѓе, а над 300 се повредени.

Оваа изјава говорникот ја даде во однапред снимена порака, поставена на каналот на ИД на апликацијата „Телеграм“. Во пораката тој се претставува како Абу Хусајфа ал-Ансари и ги повикува следбениците на ИД да ги напаѓаат „крстоносците“ насекаде, особено во САД, Европа и Израел.

„Го повикуваме Господ да направи да стигнете до Палестина за да можете да се борите таму со Евреите во бескрајна регионална војна“, рече портпаролот на поддржувачите на ИД. ссм/

фото: архива

Остани поврзан